„Статуафест“ годинава го прикажа Скопје во време на корона 

28

Изминатиот викенд во Скопје се одржа четвртото издание на „Статуафест – Другото лице на улицата“ чија тема годинава беше пандемијата со корона вирусот, односно „Скопје во време на корона“

Актери, пантомимичари и улични артисти низ „замрзнати сцени“ ја покажаа промената во животот кај нас, но и во светот откако се појави пандемијата со ковид-19, од март наваму. На плоштадот и на просторот кон Порта Македонија, тие ја претставија енормната побарувачка по тоалет хартија, музичарите и угостителите кои останаа без работа, како и неможноста да се патува во странство.

Бројните минувачи имаа можност да се сликаат со живите статуи, но со ограничена интеракција поради протоколите и мерките за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Организатор е на фестивалот е „Театроск“, со поддршка од Град Скопје. Годинава фокусот беше на македонските артисти, без гости од странство поради пандемијата која ги принуди државите да ги затворат границите.