Стевановиќ: Пациентите масовно се лекуваат дома, a дома не може да се преземат сите мерки за лекување од Ковид

3

Директорката на Инфективната болница д-р Милена Стевановиќ предупредува дека особено во четвртиот бран пациентите масовно се лекуваат во домашни услови и тоа им ја усложува работата на лекарите.

Во гостувањето во „Магазин“ на Сител рече дека Ковид не може да се лекува освежувања.

-Ние и ден денес и покрај, безмалку, две години гледаме исклучително тешко пациенти кои исклучително доцна дојдени. Не можам да го разберам стравот од болница иако болен човек е болен човек и стравува и со оправданост стравува од можните последици на Ковид. Но навистина, домашното лекување, самолекувањето на ниту еден пациент не му оди во прилог. Се влошуваат состојбите, за нас клиничките слики се многу поизмешани и многу појасни. За нас лекувањето оди многу потешко на таквите пациенти. А ние, она што го забележуваме во овој последен период, во овој четврт бран е навистина е масовно самолекување дома и лекување со освежувања. Ковид не се лекува со освежувања. Ковид се лекува со навремено преземање на низа на мерки кои треба да ја контролираат болеста. Тоа во домашни услови е невозможно, рече Стевановиќ.