Стефанова смета дека Камчев не треба да добие нов времен пасош

39

Обвинителката Лиле Стефанова дала негативно мислење до Основниот кривичен суд во однос на барањата на Орце Камчев и Цветан Панделевски да добијат времени пасоши. Мислењето до судот е испратено утрово.

Тие се осомничени во случајот „Империја“, а Камчев бараше продолжување на времениот пасош поради службени патувања, додека Панделевски за лекување.

Камчев претходниот пасош го доби од специјалната обвинителка Катица Јанева и тоа во период за кој се однесува случајот„Рекет“ каде е осомничена ексшефицата на СЈО.

По испратеното негативно мислење од Стефанова, сега судот треба да пресече дали двајцата бизнисмени ќе добијат времени пасоши или не.