Стигна и официјална потврда: Фетел останува во Формула 1, познат неговиот нов тим

8

Денеска стигна потврда дека се уште актуелниот пилот на Ферари, Себастијан Фетел и следната година ќе остане во Формула 1.

Четирикратниот светски шампион стави потпис на договор со тимот на Рејсинг Поинт кој од следната сезона ќе се ребрендира во Астон Мартин Рејсинг.

Од Рејсинг Поинт по објавувањето на веста дека Фтел ќе вози за нив следната година изјавија дека тоа е јасен знак за нивните амбиции да се етаблираат како еден од најдобрите тимови во Формула 1.

Фетел, пак, изјави дека е презадоволен и горд што потпишал договор со тимот на Астон Мартин.

– Презадоволен сум што можам да објавам вест за мојата иднина. Екстремно сум горд што можам да кажам дека ќе станам возач на Астон Мартин во 2021 година. Ова е нова авантура за мене со навистина легендарна автомобилистичка компанија. Импресиониран сум од резултатите кои тимот ги постигнува оваа година и верувам дека иднината е уште посветла, -изјави Фетел.

Во текот на вчерашниот ден пак како гром од ведро небо дојде веста дека Серхио Перез нема да вози за овој тим од следната сезона иако имаше валиден договор до 2022 година.