Столтенберг во дводневна посета на Германија

5

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска и утре ќе престојува во посета на Германија.

Како што соопшти НАТО, престојот во Германија Столтенберг ќе го почне со посета на седиштето на 73-от Тактички воздухопловен винг на германското Воено воздухопловство на аеродромот „Лаге“ во покраина Мекленбург-Западна Померанија во североисточниот дел на земјата.

Од аеродромот „Лаге“ крај Росток, Столтенберг попладнево ќе отпатува во Берлин каде ќе се обрати на настан во организација на невладината организација „Атлантик-Брике“, по што ќе има средба со германската сојузна министерка за надворешни работи, Аналена Бербок.

Столтенберг утре ќе им разговори со членови на комисиите за надворешни работи и за одбрана на Бундестагот, а посетата на Германија ќе ја заврши со средба со германскиот канцелар Олаф Шолц.