Столтенберг: Дијалогот меѓу Белград и Приштина е единствениот начин за решение

16

“Го поздравувам напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската унија, како единствен начин да се постигне долгорочно политичко решение”, порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на својот официјален профил на Твитер по разговорите со премиерот на Косово Авдулах Хоти. Столтенберг изјави дека разговарал со Хоти за важноста на КФОР во одржувањето на безбедноста и борбата против коронавирусот во Косово.

Хоти пак, на својот профил на Твитер оцени дека имал важен разговор со генералниот секретар на НАТО и дека му се заблагодарил за посветеноста на КФОР за мир, безбедност и помош во справувањето со пандемијата на коронарен вирус на Косово. „Република Косово е посветена на својата евроатлантска иднина и влез во НАТО“, напиша Хоти.