Столтенберг: Очекувам брза ратификација на членството на Шведска и Финска во НАТО

2

„По повикот, ни треба процес на ратификација во 30 парламенти. Секогаш е потребно извесно време, но исто така очекувам дека и тоа ќе помине прилично брзо.“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека очекува брза ратификација на членството на Шведска и Финска во воената алијанса, пренесува Ројтерс.

„На самитот ќе донесеме одлука да ги поканиме Шведска и Финска да станат членки – брзо и без преседан“, изјави Столтенберг за новинарите на вториот ден од самитот на НАТО во Мадрид.

Двете земји аплицираа за членство во алијансата во средината на мај.

„По повикот, ни треба процес на ратификација во 30 парламенти. Секогаш е потребно извесно време, но исто така очекувам дека и тоа ќе помине прилично брзо, бидејќи сојузниците се подготвени да се обидат тој процес на ратификација да се одржи што е можно поскоро“, додаде Столтенберг.