Стотина полицајци упаднаа на традиционалниот Вевчански карневал, за да го растурат настанот организиран од Општината. Меѓу полицијата имаше и припадници на ЕБР.
Од МВР нема официјално зошто е постапено, но се претпоставува дека реагирале поради недозволено групирање, и непочитување на мерките за заштита од коронавирусот.
https://www.facebook.com/watch/?v=437981124246453
На видеото се гледа дека жителите на Вевчани се револтирани поради реакцијата од полицијата.
Вевчанскиот карневал традиционално се одржува на Василица, но оваа година беше прекинат.