Разорно торнадо ја погоди Чешка – селата изгледаат како воена зона, најмалку 150 лица се повредени, а тројца загинаа досега, јавија утрово дел од медиумите. Соседните земји испраќаат помош.
Торнадото го погоди југоисточниот дел на Чешка. Стотици спасувачи од целата земја се на терен. Помош пристигнува и од соседните земји.
Според првичните податоци на противпожарната служба, повредени се речиси 150 луѓе.
„Можам да потврдам дека има жртви, но засега не ја знаеме нивната точна бројка, изјави Гедвига Кропачкова, портпарол на Обединетата спасувачка служба на Чешка.
„Сите расположливи спасувачки екипи се испратени да се справат со последиците од торнадото“, изјави министерот за внатрешни работи Јан Хамачек.
Спасувачките екипи објавија дека вкупно седум населени места во регионот во близина на границата со Австрија, беа погодени од торнадото.
Во чешката провинција Јужна Моравија беше пожарникарите прогласија посебно ниво на тревога.
„Најмалку три лица загинаа во силно невреме“, изјави Михаела Бетова, портпарол на спасувачите од Јужна Моравија, пренесе Дневник.хр.
Болницата ТГМ во Ходонин, која згрижи околу двесте повредени во текот на ноќта, е подготвена за можна понатамошна грижа за повредените лица и лицата што може да бидат ископани од урнатините.
Чешката министерка за финансии Алена Шилерова рече дека брзо ќе префрли 10 милиони круни од буџетската резерва во регионот на Јужна Моравија. Таа додаде дека Министерството за регионален развој може да издаде до 500 милиони круни за општините. Министерството за земјоделство има и програма за поддршка.
Гувернерот на Јужна Моравија, Јан Гролич изјави дека свикал кризен штаб и додаде: „Ова е пекол“. Тој исто така побарал од армијата да испрати две инженерски единици, објави Актуаáн.
Чешки телевизиски метеоролог изјави дека торнадото можеби го достигнало нивото F3-F4 на скала каде што F5 е највисок. Тоа би значело дека можеби се најсилни ветрови во историјата на Чешка, додаде тој, пренесува Дојче веле.
Според специјализираните апликации за временски услови, ова е едно од најсилните торнада што некогаш се случило во Чешка.
Заменик-градоначалникот Марек Бабиш рече дека половина од селото Хрушки во регионот Бжецлав е срамнето со земја. Пожарникарите имале повеќе од 300 интервенции за само еден час, но не успеале да ги посетат сите луѓе, оделе само таму каде што биле загрозени животите.