СТРУГА 2020: Денеска стартуваат борбите, осум екипи во трка по новиот пехар

20

Од денеска на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ во Струга почнува 48. издание на Струшкиот турнир на кој учество ќе земат осум екипи од Супер машката лига.

Ова ќе биде домашен турнир и Супер лига на едно место и за пет дена ќе бидат видени вкупно 16 натпревари. Системот за играње е ист како и пред две години кога имаше две групи со по четири екипи. Секој ден ќе има по три средби и редовно ќе има слободни состави кои ќе имаат можност да одморат еден ден од петте натпреварувачки.

Програмата ја отвораат составите на Струга и Прилеп, а денеска ќе има и две дерби средби. Бутел Скопје и Охрид се среќаваат во вториот термин, додека во третиот термин е главниот меч во кој Еурофарм Пелистер се соочува со Металург.

Турнирот трае до недела кога од 21:15ч се игра финалето.