Студијата на „Фајзер“ покажа дека вакцината е ефикасна против новиот вид коронавирус

21

Студијата на компанијата „Фајзер“ покажа дека вакцината против коронавирус произведена од „Фајзер“ и „Бионтек“, исто така, дејствува и на големи мутации во новиот вид.

Вакцината се покажа како ефикасна во неутрализирање на вирусот со таканаречената мутација N501Y, пренесува „Ројтерс“.

Студијата, направена од „Фајзер“ и научници од Медицинскиот оддел на Универзитетот во Тексас, е направена врз основа на луѓе кои биле вакцинирани, но е ограничена бидејќи не ги зема предвид сите видови мутации пронајдени во новиот вид коронавирус.

Еден од авторите на студијата, Фил Дормицер, рече дека вакцината е ефикасна против 16 видови мутации.

„Тоа е добра вест. Тоа не значи дека е ефикасна против 17 мутации”, рече Дормицер, додавајќи дека загрижува друга мутација наречена E484K, пронајдена во Јужна Африка.

Се планира да се изврши сличен тест за да се види дали вакцината е ефикасна против мутациите откриени во Велика Британија и Јужна Африка и треба да се соберат повеќе податоци во следните недели.