Суарез може во Јувентус бесплатно, но своите услуги планира скапо да ги наплати

2

Со денови се пишуваше дека Един Џеко би можел да се пресели во Јувентус, но сега најмногу се споменува Луис Суарез како нов напаѓач на Старата дама.

Роналд Куман е избран за човек кој ќе изврши „ремонт“ во Барселона, а еден од отпишаните е наводно искусен Уругваец.

Од Италија пристигнуваат вести дека Луис Суарез, иако во моментов има договор со Барселона до 2021 година, може да го напушти Ноу Камп бесплатно.

Каталонците се подготвени на ваков потег со цел да го ослободат буџетот од платата на Суарез.

Значи, 33-годишниот Уругваец би можел да дојде во Јувентус бесплатно, но тоа не значи дека нема скапо да го чини торинскиот клуб.

Се верува дека Луис Суарез би потпишал за Јувентус доколку ја добие истата плата на „Алијанц“ стадионот како што ја има во Барселона. Значи, Суарез би пристигнал бесплатно, но би наплатил 15 милиони евра по сезона за неговите услуги.

Луис Суарез пристигна во Барселона во 2014 година од Ливерпул за повеќе од 80 милиони евра, а вложените пари беа многу оправдани. Во текот на годината, тој одигра 283 натпревари за каталонскиот тим, постигна 198 гола и забележа 109 асистенции. Освои бројни трофеи со Барселона, а во сезоната 2015/2016 беше крунисан за најдобар стрелец во Ла Лига (40 гола).