Судењето за „Тендери“ се одлага до назначување на нов судија – поротник

4

Главната расправа за предметот „Тендери“, закажана за денеска, се одлага се до назначување на нов судија – поротник, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека по добиено известување од Судскиот совет за разрешување на судија – поротник, главната расправа за предметот со КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендери“,
насроечно за денеска, се одлага сѐ до назначување на нов судија – поротник. За новите термини за продолжување со главната расправа, јавноста и странките ќе бидат дополнително известени, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

Судскиот совет на Република Северна Македонија на вчерашната 378 седница донесе одлука за престанок на двајца судии поротници од Основен кривичен суд Скопје: Митко Сандев и Зенел Елези, поради навршени 60 години возраст.