Судот објави: Боки 13 е здрав

6

По извршениот лекарски преглед врз обвинетиот Бојан Јовановски, судот извести дека тој е здрав и може да го следи судскиот процес.

Судот денес ги добил и лекарски известувања од Клиниката за гастроентерохепатологија. Според вчерашните прегледи врз Јовановски е утврдено дека тој има хроничен гастрит и било утврдено дека нема малигнитет.

Во судница пак докторот од Итната помош Сашо Петковски извести дека по денешниот извршен преглед врз Јовановски е констатирано дека тој е здрав и може да го следи судењето.

Јовановски е обвинет за две кривични дела и тоа за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, додека Јанева е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувања.