Супер компјутерот ја реши дилемата Роналдо или Меси

17

Дали некогаш ќе се реши дилемата кој е подобар, Лео Меси или Кристијано Роналдо? Не треба веќе да се грижиме бидејќи супер компјутер го направи тоа за нас.

Двата фудбалери имаат своја армија на фанови и беа изедначени по бројот на Златни топки до пред неколку дена кога Меси премина во водство од 6:5.

Додека ние неутралните гледачи се бориме да откриеме кој навистина е подобар, суперкомпјутер тоа го направи за нас.

Истражувањето го направија професори од факултетот во белгиски Луевен со помош на стручни лица за податоци од СкајСпортс. Развиле формула за да откријат кој фудбалер е подобар. Професорот Џеси Дејвис открива како системот функционира.

“Вредноста на фудбалерот често се гледа по тоа колку има постигнато голови или асистенции. Целта е редок случај бидејќи се проценува дека на натпреварот просечно се одигруваат 1.600 акции. Нашиот модел ја прегледува секоја акција – шутевите, додавањата, дриблинзите, стартовите и ја изедначува нивната вредност.”

Се користеа податоци за Роналдо и Меси од сезоната 2013/14 до заминувањето на Роналдо од Ла Лига на крај на сезоната 2017/18 и откриено е дека Меси е подобар фудбалер.

Меси на крај има ВАЕП (вредносна акција со проценета вредност) резултат 1,21 по натпревар додека резултатот кај Роналдо е 0,61 по натпревар.

Ете, Лео Меси дефинитивно е најдобриот играч на светот. Со компјутер не можете да се карате.