Супер партија на Драгиќ, Мајами ја продолжи фантастичната серија на домашен терен (ВИДЕО)

9

Горан Драгиќ имаше одлична партија против Портланд, Мајами победи со 122:111 и потврди дека игра моќно на домашен терен, има серија од 17-1 пред своите навивачи.

Мајами е најдобриот тим во НБА на домашен терен оваа сезона, имаат само еден пораз пред своите навивачи и тоа од Лос Анџелес Лејкерс.

Таквата доминација ја потврдија и ноќеска кога релативно лесно го совладаа Портланд со 122:111.

Горан Драгиќ имаше брилијатна партија со 29 поени од кои седум тројки, имаше и 13 асистенции. Поефикасен од него беше Лилард од Портланд, но тоа не беше доволно да избегнат пораз.

Резултати:

ЛА Клиперс – Њујорк 135:132
Мајами – Портланд 122:111
Кливленд – Минесота 103:118
Феникс – Мемфис 114:121
ЛА Лејкерс – Детроит 106:99