Тамара Тодевска ја промовираше својата најнова песна во Тирана (ВИДЕО)

17

Откако поминаа бурните времиња, Тамара Тодевска конечно на јавноста ја претстави својата најнова и тоа на англиски јазик.

Песната носи наслов „Monsters“, а како автори на музиката се потпишуваат најдобрите во Македонија, Дарко Димитров, Роберт Билбилов и Лазар Цветковски, додека пак текстот е повторно дело на Коста Петров.

Всушност се работи за истиот тим со кого Тодевска работеше на нејзината евровизиска песна „Proud“.

Тодевска премиерно оваа песна ја изведе на реномираниот албански фестивал „Kenga Magjike“ кој се одржува во Тирана.

Погледнете го настапот на Тамара: