„Танц фест“ повикува на конкурс млади кореографи до 35 години

19

Повик за млади кореографи, до 35 години, објави интернационалниот фестивал „Танц фест Скопје“. Повикот значи дека можат да учествуваат на годинашната фестивалска програма, која е предвидено да се одржува од 1 до 6 јуни на повеќе отворени сцени низ градот. Повикот е отворен до 27 април 2021 до 16 часот.

Како што веќе објавивме покрај живите изведби, фестивалот ќе може да се проследи онлајн.
– И покрај пандемијата, фестивалот успеа минатата година да ја оствари својата програма во живо и да презентира петнаесетина кореографии на отворена сцена, со што придонесе во одржување на изведувачките уметности во центарот на вниманието. Дирекцијата на фестивалот сака и годинава да даде свој придонес со одржувањето на фестивалската програма и презентација на странски компании и уметници, но и презентација на македонски креативци, со што ќе им помогне на младите креативни сили да се изразат и опстојат во овие специфични услови во кои се наоѓаме, велат организаторите на фестивалот.

„Танц фест Скопје“ има традиција од 16 години. Во рамки на фестивалот се доделува и Наградата за исклучителни достигнувања во областа на танцот „Менада“, која досега ја добија доајени и основачи на македонскиот балет: како и светски признати имиња во танцовата уметност.