Тачи пред судот во Хаг се изјасни за невин за воени злосторства

2

 

Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, пред специјалниот суд во Хаг се изјасни за невин по обвинението за воени злосторства.

Тој се соочува со 10 точки од обвинението поврзани со војната во 1998 и 1999 година.

– Го разбирам обвинението и се изјаснувам за невин, им рече тој на судиите по почетокот на постапката.

Во Хаг денеска почна судењето на поранешните лидери на ОВК обвинети за злосторства врз Срби, неалбанци и политички неистомисленици.