Тачи: Ќе коалицираме со СДСМ, подобро ќе ги исполни албанските барања

6

Во гостување во емисијата Клик Плус на телевизијата 21, лидерот на ДПА, Мендух Тачи изјави дека има чувство дека СДСМ сака да направи влада без ДУИ.

Тачи посочи дека според него подобро на албанските барања би одговорила СДСМ, отколку ВМРО-ДПМНЕ, па поради тоа ДПА ќе ја разгледа можноста за коалицирање со нив пишува expres.mk.

Прашан за изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека ДУИ е гоелмата мајка, Тачи вели дека Села, Гаши и Касами се „деца“ на ДУИ, затоа што тие го спасиле Ахмети во 2016 година кога му ги дале гласовите да формира влада.

Али Ахмети пред два дена во Сарај ги повика членовите на другите албански партии да се вратат во ДУИ .

На предвремените избори закажани за април 2020 година, Тачи повтори дека најверојатно неговата партија ќе оди сама.

Со распадот на Југославија во Македонија се интензивираат албанските политички движења. Прва е формирана Партијата за демократски просперитет (ПДП), во која влегува и Тачи.

Но, веќе во 1993 година, партиското радикално крило, ја напушта партијата и формира нова политичка сила, кој подоцна беше именувана како Демократската партија на Албанците. Нивен лидер бил Арбен Џафери, а заменик Мендух Тачи.

За време на пратеничкиот состав 2008-2012 Тачи е претседател на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска. На 23 декември 2016 година поднел оставка од функцијата претседател на ДПА.

На 8 март 2019 година бил осуден на три години затвор за предметот „Титаник 2“ на СЈО.