Твитер засекогаш го „избриша“ Трамп од мрежата

15

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп никогаш повеќе не може да има Твитер профил, изјави финансискиот директор на социјалната мрежа Нед Сегал.

„Нашите правила се следни: Кога еднаш сте отстранети од нашата платформа, отстранети сте, без оглед дали сте коментатор, директор или поранешен или актуелен функционер“, изјави Сегал за Си-ен-би-ес.

Тој додаде дека правилата се одредени за да не можат луѓето да поттикнуваат насилство, а доколку тоа го направат, тогаш се отстрануваат од Твитер, така што никогаш не можат да се вратат.

„Ако Трамп повторно да се кандидира за претседател, тој нема да може да има профил на Твитер“,
дециден е Сегал.

Во јануари трајно е укинат профилот на Трамп на Твитер, по упадот на неговите приврзаници во Конгресот.

Претседателот на САД има посебен Твитер профил кој го добива о преземањето на функцијата означен со POTUS (President of the US).