„Твитер“ избриша повеќе од 8 500 налози поврзани со Вучиќ

Компанијата „Твитер“ соопшти денеска дека избришала над 8 500 налози за промоција на српскиот претседател Александар Вучиќ и владејачјата Српска напредна странка.

13

„Кон крајот на минатата година идентификувавме повеќе поврзани налози вклучени во координирана акција, што резултира со гасење на 8 558 налози наменети за промоција на владејачката партија во Србија и нејзиниот лидер. Ваквото дејствување е во спротивност со нашите прописи и претставува свесен обид за загрозување на слободата на јавното изразување“, објави „Твитер“.

Исто така, избришани се и налози поврзани со владејачките партии во Египет, Хондурас, Индонезија и Саудиска Арабија.