Твитер и Фејсбук ги суспендираа профилите на Доналд Трамп

8

Твитер и Фејсбук привремено ги суспендираа профилите на Доналд Трамп откако тој им се обрати на неговите приврзаници кои упаднаа во зградата на Конгресот.

Тој објави видеопорака во која им кажа на демонстрантите дека ги сака и им порача да си одат дома. Трамп исто така продолжи да ги повторува своите неосновани тврдења за изборни измами.

Твитер го блокираше профилот на Трамп на 12 часа поради три твита со кои биле прекршени правилата на компанијата.

„Сите идни прекршувања на правилата на Твитер ќе значат постојана суспензија на официјалниот профил на Доналд Трамп“, соопшти Твитер.

Во исто време, Фејсбук го блокираше Трамп на 24 часа, а Јутјуб отстрани негово видео.

Приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот набргу откако го ислушаа неговиот говор во паркот покрај Белата куќа, со цел да ја спречат формалната потврда на победата на Џо Бајден на изборите.