Тврдењата на Трамп за изборна измама се богато наплатени

22

Американскиот претседател во заминување Доналд Трамп поттикна кампања која собра повеќе од 200 милиони долари во донации додека ги истакнување неоснованите тврдења за голема изборна измама по поразот во претседателската трка со Џо Бајден, пишува „Њузвик“.

Изборниот штаб на Трамп и Републиканскиот национален комитет (РНЦ) вчера соопштија дека собрале 207,5 милиони долари во месецот по изборите, заедно со уште неколку групи поврзани со Трамп. Кога ќе се додадат и парите собрани во пресрет на изборите, од 15 октомври па досега, се доаѓа до вкупна сума од 495 милиони долари.

– Овие огромни бројки за донациите, покажуваат дека претседателот Трамп останува лидерот и изворот на енергија за Републиканската партија и дека неговите поддржувачи се посветени на борбата за праведниот, легален исход на изборите. Тие исто така го позиционираат претседателот Трамп да ја продолжи борбата за расчистување на корумпираниот изборен процес во повеќе области во државата – кажа менаџерот на кампањата на Трамп, Бил Степиен.

Постизборните кампањи за собирање пари честопати се фокусирани на поништување на резултатите од изборите, додека промовираат тврдења што не се поткрепени со докази за навидум убедливата победа на Бајден, за која Трамп тврди дека била „украдена“ од него. Правните напори на кампањата на Трамп не поминаа на суд, додека претседателот во заминување преку социјалните мрежи продолжува да промовира теории на заговор и тврдења за изборна измама кои беа отфрлени, заклучува „Њузвик“.