Тен Хаг го осуди потегот на Роналдо: Тоа е неприфатливо

0

Кристијано Роналдо во неделата се врати на „Олд Трафорд“ и одигра натпревар за Манчестер Јунајтед по пауза од речиси 90 дена, но кам-бекот го одбележа и една контроверзна реакција од страна на искусниот португалски фудбалер.

Роналдо беше уловен како предвреме го напушта стадионот додека се уште се играше натпреварот против Рајо Валјекано, чин за кој доби многу критики од навивачите, но сега и јавна прозивка од страна на својот менаџер.

Во интервјуто за холандската телевизија, Тен Хаг отворено признава дека Роналдо не бил единствениот кој порано го напуштил „Олд Трафорд“, оценувајќи ги ваквите постапки како неприфатливи за целиот тим.

– Роналдо си замина порано од мечот со Рајо Валјекано? Беа повеќемина кои го направија тоа……

– Не го прифаќам тоа, тоа е неприфатливо. Им порачав дека таа слика е неприфатлива. Тие сме тим, ние сме состав кој игра заедно и мора да останеме заедно до крај, – вели Тен Хаг.

До овој момент, иднината на Роналдо се уште не е решена, но англиските таблоиди најавуваат дека Тен Хаг ќе стартува без Роналдо на првиот меч против Брајтон кој се игра претстојниов викенд.