Тешко им е што Ливерпул е прв: Поништете ја сезоната, па да почнеме од почеток!

Фудбалерот и англиски репрезентативец од Манчестер јунајтед, Лук Шо порача дека треба да се поништи актуелната сезона во Премиерлигата поради пандемијата со коронавирус, ама очигледно тешко му паѓа фактот што Ливерпул практично е шампион и после три децении треба да се круниса за нов англиски владетел.

15

Одамнa е познато големото ривалство на Јунајтед и Ливерпул, а само две победи ги делат „црвените“ од официјализација на круната, која не успеаа да ја осигураат пред да се прекине Премиерлигата откако веќе Ковид-19 се рашири на Островот. Сега Шо, бара сезоната да се прекинела, па да се почнело од почеток.

„Поништете ја сезоната, па да играме од почеток. Да, од почеток! Ако првенството не може да се заврши, мора да се поништи“, вели Шо, додавајќи: „Во фудбалот навивачите се најважни, а ние сме тука поради навивачите. Ако ги нема на стадионот, нема смисла ни да се игра. Нашите навивачи се феноменални, секогаш ни даваат поддршка и полесно е да се игра кога тие се на трибините“.

Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин посочи вчера дека нема ни теоретска шанса Ливерпул да не биде првак, после фантастичната сезона во која практично одамна ја имаат титулата во рака, а само се чекаше математички кога тоа ќе се осигура.