Тони распука по Роналдо: Тој не може да издрибла никого

Очигледно е дека Кристијано Роналдо е во лоша форма по рестартот на сезоната, а тоа го потврди и синоќа во финалето на Купот на Италија против Наполи.

20

Ѕвездата на Јувентус беше незабележлив на теренот и во петокот против Милан во полуфиналето од Купот, а лошата игра ја пренесе и синоќа на „Олимпико“ во финалето против Наполи.

Португалецот е далеку од некаква добра форма, а критика доби и од поранешниот италијански репрезентативец Лука Тони, кој смета дека Роналдо е еден од виновниците за поразот на Наполи

„Тоа е пораз на Јувентус, што го носи потписот на Роналдо. Сите фудбалери на Јувентус се мачеа, а истото важи и за Португалецот, бидејќи очигледно е во лоша форма физички и тој не може да издрибла ниту еден противник“, изјави поранешниот голгетер на Фиорентина и Баерн Минхен.

Роналдо за прв пат во кариерата загуби две финалиња по ред, бидејќи пред Купот, Јувентус беше поразен и во Суперкупот на Италија.