Тотенхем го објави назначувањето на Данецот Јохан Ланге за технички директор на клубот.
Ланге ќе започне со работа на 1 ноември 2023 година. Тој ќе биде одговорен за селекција на кадри, аналитика и идентификација на таленти во клупскиот систем.
Поранешниот технички директор на Тотенхем Фабио Паратичи го напушти клубот во април поради санкциите на ФИФА.
Спортскиот директор на Спарс, Скот Ман, го коментираше назначувањето на Ланге: „Јохан направи одлична работа за скаутирање и потпишување на многу талентирани и успешни млади и постари играчи. Ќе ни биде драго да го имаме како дел од нашиот фудбалски тим“.
Четириесет и тригодишниот Данец беше во Астон вила во последните три години. Тој првично беше спортски директор на клубот, а потоа беше директор за развој на фудбалот и меѓународни академии.
Ланге има искуство и како главен тренер на Лингби. Покрај тоа, во сезоната 2012/13 беше дел од стручниот штаб во Вулверхемптон, а претходно четири години беше помошник тренер во Копенхаген.