Трагедија во Русија: Министерот за вонредни ситуации загина за време на вежба во Норилск

13

Рускиот министер за вонредни ситуации Евгениј Зиничев загина за време на вежба во Норилск, соопшти денеска ресорното Министерство.

– Со жалење ве известуваме дека при извршување своите службени должности за време на меѓусекторска вежба за заштита на арктичката зона од вонредни ситуации, спасувајќи човечки животи трагично загина шефот на Министерството за вонредни ситуации Евгениј Зиничев, соопшти Министерството.