Американскиот претседател Доналд Трамп кој престојуваше во ненадејна посета на американските војници во Авганистан изјави дека биле продолжени преговорите со талибанските бунтовници кои беа прекинати во септември годинава.
Трамп престојуваше во Авганистан на празникот Ден на благодарноста кој се прославува во САД. „Талинбанците сакаат договор. Најпрвин рекоа де не сакаат прекин на огнот, а сега сакаат примирје“, изјави Трамп во американската воена база во Баграм.