Трамп го прифати предлогот на Пелоси и ќе одржи говор за состојбата на нацијата

7

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се согласи да го одржи традиционалниот говор за состојбата на нацијата на 4 февруари, на покана на спикерот на Претставничкиот дом, неговиот остар противник, Ненси Пелоси.

„Во духот на почитувањето на нашиот Устав, ве повикувам да го одржите својот говор за состојбата на нацијата во вторник, 4 февруари 2020 година“, се вели во писмото со покана од лидерот на демократите во Претставничкиот дом на Конгресот упатено до претседателот Трамп.

Портпаролот на Белата куќа, Хогам Гидли, изјави дека Трамп ја прифатил поканата на Ненси Пелоси.

Повикот е испратен на два дена откако Претставничкиот дом, во кој демократите имаат мнозинство, гласаа да го отповикаат американскиот претседател под обвинение дека ги злоупотребил своите овластувања и ја опструирал истрагата на Конгресот.

Сенатот контролиран од републиканците треба да го одржи судењето за импичмент во јануари, а Трамп денеска повика тоа да се одржи што е можно поскоро.

Односот на силите во Сенатот покажува дека е речиси сигурно дека Трамп нема да биде отповикан.