Трамп: Касам Сулејмани имаше планирано напади врз 4 амбасади на САД

10

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека иранскиот генерал, Касам Сулејмани, кој беше убиен од страна на американците, имал планирано напади врз четири американски амбасади.

-Јас можам да откријам дека четири амбасади беа опфатени, изјави Трамп за “Fox News”, без да даде други детали.

-Иранскиот генерал Касам Сулејмани, убиен во Ирак минатата недела, имаше планирано напади над американските амбасади, потврди и шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео. -Касам Сулејмани имаше предвидено можни напади над американските инфраструктури, вклучувајќи ги и амбасадите на САД, воените бази и инсталациите низ целиот регион, истакна тој на прес-конференција.