Трамп: Коментарите на Макрон за НАТО се „многу злобни, неучтиви“

7

За време на состанокот на НАТО во Британија американскиот претседател рече дека коментарот на неговиот француски колега дека алијансата е клинички мртва е навредлив.

Американскиот претседател Доналд Трамп влезе во вербалната војна меѓу неговиот француски и турски колега, велејќи дека коментарот на Емануел Макрон дека НАТО е клинички мртво е „многу, многу злобен“ и „неучтив“.

Макрон тоа го кажа во ноември во интервју за „Економист“, додека го критикуваше недостигот од координација меѓу членките на НАТО за неодамнешната операција на Турција во Сирија. Ердоган подоцна одговори, велејќи дека самиот Макрон е во „состојба на клиничка смрт“.

Трамп, зборувајќи во понеделникот во Лондон заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека оцената на Макрон е „навреда за голем број различни војски“.

Американскиот претседател сега зборува со многу многу посмирен тон за НАТО, организација што претходно силно ја критикуваше, велејќи дека алијансата е пофлексибилна и дава „големи резултати“.

Неколку светски лидери се наоѓаат во главниот град на Англија на состанок на НАТО, кое слави 70 години од алијансата.

За нешто повеќе од една недела, на 12 декември, Велика Британија одржува избори.