Трамп уште нема докази за труењето на Навални

15

Западот врши консултации околу санкции против Русија по нападот со отров врз критичарот на Кремљ, Навални, но американскиот претседател Доналд Трамп се колеба. Доколку добие докази, „многу ќе се налути“.

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека труењето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, досега не е докажано. „Немаме добиено докази”, изјави Трамп на прес-конференција синоќа во Вашингтон, додавајќи: „но, јас ќе го разгледам тоа.”

Претходно Германија ги информираше сојузниците во НАТО, вклучувајќи ги и САД, дека Навални бил изложен на дејство на нервен отров од групата Новичок пред да падне во кома.

„Не знам што точно се случило. Мислам дека е тоа трагично, страшно, никогаш не би требало да се случи”, изјави Трамп на прес-конференцијата. Во однос на тврдењето на Германија дека се работи за труење на Навални, Трамп со изјава: „Би бил многу лут доколку е таков случај”.