Трајанов: Бугарија да го признае македонското малцинство, ако ЕУ нема разбирање да се отфрли францускиот предлог

0

 

Важно е во актуелните геостратегиски конфронтации Македонија да ги започне преговорите со ЕУ, но е од круцијално значење од преговарачката рамка да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија и таа да биде согласна на европските принципи и стандарди, изјави за МКД.мк лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов по седницата на партиското претседателство. Приклучување на Бугарите во Уставот може да биде само врз реципрочна основа, а без консензус на сите во Собранието нема прифаќање на францускиот предлог, нагласува Трајанов.

Трајанов вели дека Демократски сојуз е на став по исчистената преговарачка  рамка од билатералните прашања, преговорите со ЕУ да започнат со отворање на поглавјата.

Лидерот на ДС вели дека со сопартијците во претседателството е постигната согласност да се инсистира одредбата за вклучување на Бугарите во македонскиот Устав да има реципрочен карактер.

„Советот на ЕУ да донесе заклучок со кој ќе ја задолжи Бугарија да  ги имплементира одлуките на Судот од Стразбур за признавање на правата на Македонците во Бугарија, меѓу кои се правото на здружување, формирање на кулстурни асоцијации, политичко организирање и друго“, вели Трајанов.

Лидерот на ДС нагласува дека македонскиот идентитет под никакви услови да не се оспорува и загрузува и вели дека историските и образовните прашања, како што се говорот на омразаи  и отворањето на досиеја за прогонувани лица од комунистичкиот режим да биде на реципрочна основа.

„Во преговарачката рамка годишните прегледи, акцискиот план и прококолите не смее да се прфати да станат решенија кои ќе ѝ овозможуваат на Софија да се меша во внатрешни работи на Македонија“, вели Трајанов за МКД.мк.

Тој нагласува дека за предложената преговарачка рамка дебатата мора да продолжи, дека ќе треба да се соберат сите сугестии, но и да се отвори расправа во Собранието на Македонија и заклучоците да бидат донесени со консензус од сите пратенички групи и независни пратеници.

„Инсистираме овој процес да се води транспарентно и одговорно без брзи и неиздржани решенија. А, доколку Европската Унија нема разбирање за македонските позиции, тогаш да се отфрли овој модификуван Француски предлог“, вели лидерот на ДС Павле Трајанов за МКД.мк.