Тренчевска во посета на Центарот за дневен престој на деца со попреченост со индивидуален третман во Струмица
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска ќе им додели дозвола за вршење дејност од социјална заштита на давателот кој ќе ја спроведува социјалната услуга – Центар за дневен престој на деца со попреченост со индивидуален третман во општина Струмица.
Како што соопшти МТСП, по доделување на дозволата на давателите на оваа услуга, пред присутните ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и претседателот на Здружението за поддршка во развојот и специјална едукација и рехабилитација на децата – Едупрактика, Спасе Додевски.
Развојот на оваа социјална услуга, како дел од спроведувањето на сеопфатната социјална реформа во земјава, е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка