Тренчевска: Се испитува случајот со булинг врз ученик од Градско

4

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вели дека се испитува случајот со булингот врз ученик во основно училиште во Градско.

– Секоја злоупотреба или насилство врз децата треба да се пријавува во центрите за социјална работа, во случајот во Центарот за социјална работа во Велес. Се преземаат мерки од страна на стручните работници, ќе се испита случајот и по доставувањето на известувањето од Центарот за социјална работа, ќе бидат преземени соодветни мерки, рече Тренчевска на денешната прес-конференција во Владата.

Таткото на ученикот за дел од медиумите изјави дека неговото дете било жртва на булинг од страна на двајца соученици кои го малтретирале подолг временски период.