Трета среќа: Скарлет Јохансон се мажи со своето момче

67

Познатата актерка ќе се венча со своето момче Колин Џостон, иако по два неуспешни брака често велеше дека веќе не верува во тоа.

Пријателите на парот за повеќе медиуми потврдиле дека Скарлет и Колин наскоро ќе се венчаат. Тие се свршија во мај оваа година. Парот почна врска кратко по разводот на Скарлет од новинарот Роман Доријак, кој ѝ беше втор маж.

Разводот од претходниот сопруг беше долг и мачен. Прв сопруг ѝ беше актерот Рајан Рејнолдс, а нивниот брак траеше само три години.

„Бракот е романтична и убава идеја и може да биде добро нешто, ама мислам дека поминувањето цел живот само со една личност не е природно“, зборуваше таа своевремено.