Тре Јанг со маестрална партија го сруши Мајами (ВИДЕО)

6

Тре Јанг ја одигра најдобрата партија досега, постигна 50 поени во победата на Атланта над Мајами од 129:124.

Атланта со одлична игра во последната четвртина го победи Мајами, а ѕвезда на вечерта беше младиот Тре Јанг кој одигра рекордна партија.

Јанг постигна дури 50 поени покажувајќи го својот голем талент. Најефикасен во составот на Мајами беше Адебајо со 28 поени, Драгиќ реализираше 19.

Тре Јанг стана четвртиот најмлад играч во историјата на НБА кој постигнал 50+ поени на еден натпревар.

Резултати:

Детроит – Милвоки 106:126
Атланта – Мајами 129:124
Чикаго – Шарлот 93:103
Филаделфија – Бруклин 112:104
Сакраменто – Мемфис 129:125
Голден стејт – Хјустон 105:135