Трибина „Малиот современ човек“- 160 години од раѓањето на Чехов

27

Трибина е со работен наслов „Малиот современ човек“, на која учество ќе земат Мишел Павловски, редовен професор, Билјана Тануровска Ќулавковски, културен работник и куратор, Петар Андоновски, писател и Никола Шиндре, активист за човекови права.

Емил Ниами раководител на рускиот центар при УКИМ се вклучи телефонски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, каде ја најави трибината која ќе се одржи вечерва по повод јубилејот на 160 години од раѓањето на големиот руски писател Чехов.

Трибина е со работен наслов „Малиот современ човек“, на која учество ќе земат Мишел Павловски, редовен професор, Билјана Тануровска Ќулавковски, културен работник и куратор, Петар Андоновски, писател и Никола Шиндре, активист за човекови права.

-Кога размислувавме што треба да се направи со ваков јубилеј, со колегите од Центарот се постави прашањето за малиот човек и до каде еволоурал тој мал човек во нашето општество. Затоа решивме да направиме една трибина и да видиме во овие некои 120 години колку е сменета состојбата со малиот Чехов. Фокусна точка на Чехов е токму малиот, односно обичниот човек- вели во „Утрински брифинг“ Емил Ниами.