Трилатерална средба за Северна Кореја, за слободната трговија

11

Лидерите на Кина, Јапонија и Јужна Кореја повторија на трилатералниот самит дека остануваат посветени на ставање крај на севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.

Покрај Северна Кореја, темите за средбата меѓу кинескиот и јапонскиот премиер Ли Кечијанг, Шинзо Абе и претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин беа слободната трговија и економската соработка.

Ли, Абе и Мун се согласија дека дијалогот и консултациите се единствениот ефикасен начин за решавање на проблемите на Корејскиот Полуостров, пренесува АП.

„Нашите три земји се подготвени да работат заедно со меѓународната заедница за решавање на прашањето на Корејскиот Полуостров на политички начин“, рече Ли на заедничката конференција за новинарите по состанокот.