Три жени и еден маж: „Пипл“ одлучи – ова се личностите на 2022 година

0

Магазинот „Пипл“ објави листа на познати личности за кои сметаат дека ја заслужуваат титулата личност на годината, а на неа се најдоа еден маж и три жени.

Како што објаснија, актерот Метју Меконахи, актерката Мила Кунис, добитничката на Еми Квинта Брансон и пејачката Џенифер Хадсон се истакнаа со својата хуманитарна работа и несебичното помагање на другите во 2022 година.

Метју Меконахи

„Кога родниот град на Меконахи беше погоден од масовно пукање во мај во кое загинаа 19 деца и двајца вработени во училиштето, актерот и неговата сопруга Камила брзо се вратија во Увалде. Тие немале план: само почнале да разговараат со семејствата на жртвите и веднаш виделе колку родителите сакаат животот на нивните деца да биде важен и безбеден.

За да ги поттикнат реформите за поседување на оружје, Метју и Камила на законодавците во американскиот Конгрес им претставија предлози за усвојување нацрт-закон за ограничување на пристапот до оружје. Еден месец подоцна, законот беше усвоен“, пишува „Пипл“.

Квинта Брансон

Квинта Брансон е заслужна за документарната серија „Abbott Elementary“. Сакала да создаде серија што ќе ги премости генерациските јазови и ќе ги натера нејзе и нејзините родители и бабите и дедовците да се смеат на истите шеги.

„Важноста на смеењето и на заедничкото смеење на исти работи е исцелувачка. Нема ништо поубаво од тоа, бидејќи така се градат и зајакнуваат односите меѓу луѓето“, рекла Квинта.

Џенифер Хадсон

Со нејзиното ново ток-шоу, мисијата на Џенифер Хадсон била да „создаде платформа за сите, за сите да имаме место каде што се чувствуваат вклучени. Џенифер ја покрена емисијата откако на 41-годишна возраст стана најмладата жена што го постигнала статусот ЕГОТ (односно ги освои наградите Еми, Греми, Оскар и Тони).

Мила Кунис

По руската инвазија на Украина, актерката Мила Кунис веднаш одлучила да им помогне на унесреќените луѓе во својата родна земја.

„Бидејќи сум од Украина, пријателите почнаа да ме прашуваат на кого можат да му се јават за донации и јас веднаш знаев дека морам да помогнам“. Незнаењето од каде да почне не ја забавило: „Немавме решение, па го создадовме“. До денес собрала 37 милиони долари за бегалци.