Три земјотреси во Албанија за два часа

15

Албанија денеска ја погодија три земјотреси во период од 10 до 12 часот, предизвикувајќи паника кај населението. Двата земјотреси биле со јачина од 3,5 степени според Рихтер, додека третиот бил послаб.

Епицентрите на земјотресите биле недалеку од Тирана, а земјотресот бил почувствуван и во Драч.

Првичните извештаи од местото на настанот велат дека немало материјална штета, но луѓето во паника ги напуштиле своите домови.