Три нови случаи на Covid-19 во Рома

18

Коронавирусот создава огромни проблеми во таборот на Рома откако по капитенот Един Џеко се појавија три нови случаи на Covid-19 во римскиот прволигаш.

Аргентинскиот дефанзивец Федерико Фацио прв доби позитивни резултати од тестирањето извршено вчера, а веднаш по него преку социјалните мрежи се јавија и Лоренцо Пелегрини и Давиде Сантон, потврдувајќи дека се позитивни на Covid-19.

Единствена добра работа за римскиот клуб е што во периодов следи репрезентативна пауза, па позитивните фудбалери нема да препуштат премногу натпревари на „волчицата“.