Тркалезна маса „Антикорупциско образование – пристапи и предизвици“

0

Тркалезна маса на тема „ Антикорупциско образование – пристапи и предизвици“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Владата, канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC) и германската Агенција за меѓународна соработка (GIZ).

Како што соопштија од владината прес-служба, воведни обраќања на настанот ќе имаат вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за образование Јетон Шаќири,  Владимир Георгиев, член на Државната комисија за спречување на корупцијата и претставници на UNODC и на Германската амбасада во земјава.

-Тркалезната маса ќе опфати дискусии за различните искуства и можности за дизајнирање и спроведување на антикорупциско образование во училиштата, како и градење партнерства и мрежи за подобрување на овој аспект во образовниот систем, стои во соопштението