Туна Сејдиу стана мајка по вторпат, сподели емотивни фотографии од породувањето ФОТО

22

Познатата пејачка Туна Сејдиу (35) вчера стана мајка по вторпат.

Радосната вест веднаш ја сподели на Инстаграм, заедно со емотивните фотографии од породувањето.

„Се молев на Бог да ми донесе на светот маж кој секогаш ќе ме сака. Тој ме благослови со два сина. Среќен Ден на мајката! Горда мајка на Тиан и Зен.“

Туна за првпат се оствари во улогата на мајка во 2017 година, кога го роди првиот син Тиан.