Тупанчески: Борбата против корупцијата е општествено прашање и ќе зависи од интегритетот на сите чинители во општеството

5

Борбата против корупцијата е општествено прашање и ќе зависи од интегритетот на сите чинители во општеството, на нас како поединци и на институциите кои се вклучени во овој процес, истакнува министерот за правда Никола Тупанчески по повод Меѓународниот ден на борба против корупција.

– Граѓаните на нашата држава заслужуваат ефикасни институции со интегритет и владење на правото.Честит Меѓународен ден на борба против корупција, вели Тупанчески во објавата на социјалните мрежи.