Турскиот Парламент го продолжи мандатот на Владата за акции во Сирија

9

Анкара, 8 октомври – Турскиот Парламент ги продолжи за уште една година овластувањата на Владата, според кои таа може да нареди прекугранични воени офанзиви на територијата на Сирија и Ирак доколку биде соочена со безбедносни закани.

Со тоа е продолжено овластувањето на турската Влада врз основа на кое од 2014 година на земјата и се овозможува да се бори против курдските бунтовници, екстремистите на Исламска држава и други групи кои Турција ги смета за терористи во Ирак и Сирија.

Актуелниот мандат истекува на 30 октомври. Истовремено, Турција соопшти дека е подготвена да изврпи нова офанзива во Сирија, со цел да го исчисти пограничното подрачје од курдски борци во Сирија, кои имаат поддршка од САД.