Турција достави писмо до ОН за промена на името на државата

7

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефани Дујариќ изјави дека добиле писмо од турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу, испратено до генералниот секретар Антонио Гутереш, во кое се бара промена на името на земјата на странски јазици во „Турција“.

На барање на Турција, Обединетите нации го сменија името на таа земја во „Туркије“, а претходно на странски јазици беше „Турција“.

Дујариќ рече дека промената на името на државата стапува на сила од моментот кога е примено писмото.

Чавушоглу на Твитер објави дека целиот процес е при крај.

 

„ Процесот што го започнавме под нашиот претседател Ердоган за зголемување на вредноста на брендот на нашата земја привршува. Во писмото што денеска го испратив до генералниот секретар на ОН, го регистрираме името на нашата земја на странски јазици во ОН како „Туркије“, напиша Чавушоглу.

 

Во јануари оваа година, Канцеларијата на претседателот на Република Турција започна кампања наречена „Здраво Туркије“ со цел поефективно да ја прогласи националната и меѓународната употреба на името на земјата како „Туркије“.