Турција: Полицијата издала налози за приведување на 63 лица, меѓу кои и Седат Пекер

21

Полицијата во Турција изврши операција против членови на организирана криминална група, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во операцијата со седиште во Истанбул спроведена во пет области низ Турција, полицијата изврши рации на 121 адреса со налози за приведување на 63 осомничени лица, вклучувајќи го Седат Пекер, за кого беше утврдено дека е водач на криминалната група.

За Пекер се вели дека е во странство.

Откриено е дека осомничените активно учествувале во криминални активности – вклучително грабеж, напаѓање, мито и други кривични дела – и биле вклучени во формирање организирана криминална група.

Полициската акција беше поддржана од беспилотни летала и тимови за специјални операции.